Search

Шкупи ќе го искористи домашниот терен да испише клупска историја

Македонскиот првак во футсал Шкупи, утре ги почнува настапите во претквалификациската Б група од Лигата на шампионите на кои ќе биде домаќин. Токму домашниот терен во Скопје, во конкуренција на Локомотив (Летонија), Кардиф (Велс) и Енкамп (Андора), треба да им биде адут да стигнат до првата позиција во групата и да обезбедат пласман во наредната рунда од елитното натпреварување.

-Долго се подготвуваме за овој настан. Благодарност до раководството на клубот, бидејќи успеавме да се засилиме, да не кажам дека го имаме најдоброто во Македонија од играчкиот кадар. Според мене Шкупи заедно со претставникот на Летонија е еден од фаворитите за првото место. Се надевам на добри игри на сите три меча и пласман во следната фаза. Тоа за овој клуб ќе биде историски успех. Никого нема да потцениме. На вакви турнир можни се изненадувања. Ние треба да одиграме најдобро што можеме – вели Зоран Лекиќ тренерот на Шкупи в о пресрет на утрешниот старт на предквалифиакциите.

 

Треба да знаете
Последни објави