Хауард се врати во Лејкерс

Кошаркарот Двајт Хауард потпиша договор со НБА-лигашот Лејкерс, објави на официјалната веб-страница клубот од Лос Анџелес. Услови во договорот не се обелоденети.

Според извештаите на медиумите, играчот сам си го платил обештетувањето од 2,6 милиони долари за предвремен прекин на соработката со Мемфис.

Хауард играше за Лејкерс во сезоната 2012/13. Искусниот 33-годишен Хауард минатата сезона одигра девет натпревари за Вашингтон и оствари просек од 12,8 поени. Тој пропушти значаен дел од сезоната поради повреда.

Треба да знаете
Последни објави