Мигрантите и бегалците кои вчера, за време на акцијата на грчката полиција беа пронајдени во објекти под опсада во центарот на Атина, привремено се сместени в хотел, а подоцна ќе бидат распределени во прифатните центри, објавија грчките медиуми.
Станува збор за 143 лица кои од објектите првично беа пренесени во Дирекцијата за странци за проверка на нивните документи, а од нив оние кои имаат поднесено барање за азил беа сместени в хотел, jави дописничката на МИА од Атина.
Вкупно 10 мигранти и бегалци, според „Катимерини”, немале валидни документи и за нив ќе започне процес за протерување од Грција.
Останатите 133 кои чекаат одговор на нивните барања за азил се од Авганистан, Еритреја, Ирак, Иран, Турција, Камерун, Саудиска Арабија и Сирија.