Search

Манчестер Јунајтед цел месец без нејзиниот лев бек Лук Шав

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шав нема да игра еден месец поради повредата шрто ја здоби на натпреварот против Кристал Палас.

Шав го напушти теренот уште во првото полувреме од натпреварот од третото коло на Премиер лигата, а првите лекарски прогнози се дека станува збор за повреда на десниот лобус на десното колено, а се очекува најмалку еден месец да биде надвор од терените.

Шав нема да му биде на располагање на тренерот Оле Гунар Солскјаер на натпреварите против Саутемптон, Лестер и Вест Хем, како и на селекторот на Англија Герет Саутгејт на квалификациите за Евро 2020.

Тој ќе биде заменет со Ешли Јанг, а поради повредата на Шав може да пропадне трансферот на Маркос Роу, кого го бара Фенербахче.

Треба да знаете
Последни објави