Казнети 45 возачи за пребрзо возење

Во текот на изминатиот ден (26.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 45 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престигнување, 12 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 37 мандатни платни налози и 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави