Search

Инцидент на светската турнеја на Зариф: новинар кој бил дел од неговата делегација побегнал

Ирански новинар, кој ја следел дипломатската турнеја на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Зариф, по нордиските земји, ја напуштил делегацијата во Шведска.

Шведските власти денеска објавиле дека новинарот побарал дозвола за престој во Шведска.

Шведската канцеларија за миграција потврдила дека примила барање на 21 август од Амир Тохид Фазел, политички новинар од иранската ултраконзервативна агенција „Мој“.

Овој новинар објавил попис од ирански функционери кои наводно имаат двојно државјанство со земји што иранската влада ги смета за непријателски. Иран не го признава двојното државјанство и ја скртува двојната заштита на лицата со двојно државјанство.

Тој патувал со министерот Зариф во рамките на меѓународната турнеја во Франција, Шведска и во Норвешка. Новинарот за шведската државна телевизија СВТ рекол дека на 20 август, додека се наоѓал во Шведска, преку интернет колега му рекол дека четворица полицајци дошле во новинската агенција со налог за негово апсење.

Еден ден подоцна новинарот успеал да се оддалечи од делегацијата иако 48 лица го чувале Зариф. Фазел избегал за да го изнесе своето мислење за иранската политика.

Иран се наоѓа на 170. место од 180 земји на светската листа за слобода на медиуми за 2019 година, изработена од „Новинари без граници“.

Треба да знаете
Последни објави