Search

Жртвите на педофилот милијардер велат дека правдата не е задоволена

Жените што тврдат дека Џефри Епстајн сексуално ги злоупотребувал во преполна судница во Њујорк го покажаа својот бес и тага на помалку од три недели откако милијардерот си го одзеде животот додека чекаше судење поради сексуална трговија.

„Се чувствувам многу луто и тажно зашто во овој случај правдата не е задоволена“, рекла Кортни Вајлд на сослушувањето пред судијата Ричард Берман.

„Нема да му дозволам да победи во смртта“, рекла друга жртва, Шантај Дејвис.

Сојузни обвинители се појавиле на сослушувањето за да побараат од судот и официјално да ја прекине постапката против Епстајн.

Епстајн, чии пријатели му беа сегашниот претседател Доналд Трамп и поранешниот Бил Клинтон, беше уапсен на 6 јули. Тој не се сметаше за виновен по обвиненијата за сексуална трговија, кои вклучуваа десетина девојки, од кои некои имале само 14 години.

Шеесетишестгодишниот милијардер беше пронајден мртов на 10 август во неговата ќелија во затворот на Менхетн, а обдукцијата покажа дека се работи за самоубиство.

Треба да знаете
Последни објави