Дроновите кои паднаа во Бејрут носеле експлозив

Либанскиот Хезболах соопшти дека двете израелски беспилотни летала, кои се урнаа во јужното предградие на Бејрут во неделата, носеле експлозив.Движењето коешто го поддржува Иран соопшти дека експертите го испитале првото беспилотно летало.

Предградијата биле „изложени на напад на беспилотни летала“, при што првото не успеал да експлодира, а второто експлодирало. Откако во неделата се урнаа две беспилотни летала, водачот на Хезболах ги предупреди израелските војници на границата да чекаат одговор.

Треба да знаете
Последни објави