Search

Вилијамс ја декласираше Шарапова

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во второто коло од УС Опен откако убедливо ја порази Русинката Марија Шарапова.

На Вилијамс и беа потребни помалку од еден час за да ја порази Шарапова, која успеа да освои само два гема, со резултат 6:1 и 6:1 во гемови.

За Американката ова е 19 последователна победа врз пет години помладата ривалка од Русија и нивниот меѓусебен резултат е 20-2 во корист на Серена.

Инаку, синоќа го поминаа првото коли и Медисон Киз, Шуај Жанг, Елина Свитолина, Марија Сакари, Венус Вилијамс, Аликсандра Сасновиќ, Џоана Конта, Ешли Барти и Каролина Плискова.

Треба да знаете
Последни објави