(Видео) Американски супертанкер помага за гаснење на пожарите во Амазон

Боливија доби огромна помош во борбата да се справи со пожарите во дождовните шуми на Амазон. Американска компанија со седиште во Колорадо го испрати својот супертанкер „Боинг 747-400“ во јужноамериканската земја за да учетвува во противпожарните мисии во дождовни шуми на Боливија.

Супертенкерот B747-400 е во категоријата на многу големи авиони што се користи за борба против пожари. Тој е во состојба да испушти на секој лет по околу 19.000 литри вода.

https://twitter.com/GlobalSuperTank/status/1165323188768825345

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, на Твивет објави дека наредил ангажирање на супертенкерот „Боинг 747“ за да помогне во пожарникарските напори во регионот на Чикуитанија.

Амазон опфаќа осум земји, вклучувајќи ја и Боливија, иако најголемиот дел од шумата е во Бразил. Често се нарекува „белите дробови на планетата“, бидејќи шумата произведува околу 20% од кислородот во светот.

Дан Рис, претседател на компанијата Глобал Супертанкер, отпатува за Јужна Америка како дел од тим од 14 лица за да се бори против пожарите во Боливија. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека има „неверојатен број пожари“ во Амазон и неговата компанија е дел од одговорот. Компанијата соопшти дека во саботата има завршено три прелети и дека се подготвува за четвртиот.

Треба да знаете
Последни објави