Будва под опсада, полицијата го бара маскираниот напаѓач

Во ресторанот ,,Корковадо” во Стариот град во Будва се ранети Горан Словиниќ и Драган Марковиќ, соопшти полицијата по синоќешното пукање во кое непознат маж со маска рани две лица.

Повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во болницата во Котор. Како што јавува РТС, повикувајќи се на неофицијалните сознанија на ,Вијести”, лицето кое носело силиконска маска се доближило до масата на која седеле двајцата жители на Будва со уште еден маж.

Маскираниот напрво пукал во Словиниќ и Марковиќ, а потоа и во третиот на масата Љубиша, но тој успеал да го избегне куршумот.

Настанал метеж, при што напаѓачот успеал да побегне. Очевидците маскираното лице го опишале како маж висок меѓу 185 и 190 сантиметри. Имал црна коса и бил на возраст меѓу 30 и 40 години.Истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави