Search

Анџелина Џоли против Доналд Трамп во трката за Белата куќа?

Во последниве години се појавија шпекулации дека холивудската актерка Анџелина Џоли би можела да влезе во трката за нов претседател на Соединетите Американски Држави. Самата актерка во неколку наврати навести дека овие „вратата не е затворена“.

Една од најплатените актерки во САД и амбасадорка на ОН неодамна покрена свој „Јутјуб“ канал, а како што пренесуваат медиумите, на него сигурно нема да има туторијали за шминка.

Имено, нејзиниот канал се занимава со хуманитарна работа и досега има повеќе од 8.400 следбеници.

Во описот на каналот се наведува дека Џоли е вклучена во хуманитарна работа, ги претставува ОН и се занимава со бегалците, како и тоа дека со нејзината работа придонесува во процесот на изнаоѓање решение за оние што се принудени да ги напуштат своите домови

Треба да знаете
Последни објави