Тенк пред стадионот на Ц.звезда ги запали страстите

Во Србија е отворена голема полемика по вчерашното поставување на тенкот Т-55 пред стадионот на Црвена звезда, со знамето на клубот и натписот „Северна армија”. Се запалија страстите.

Клубот во обид максимално да ја подигне атмосферата пред мечот со Јанг Бојс, направи несекојдневен потег, постави тенк пред влезот на северната трибина на стадионот, каде што е местото на најжестоките навивачи на Црвена звезда.

Еден таблоид од Србија измислил приказната дека станува збор за тенк од 90 години на минатиот век, кој наводно бил во Вуковар што од клубот е дементирано.

„Тоа возило не е од Вуковар. Тоа е расходуван тенк. Купен е на отпад на југот на Србија. Возилото нема мотор, воопшто не е оперативно“, соопштиле од ПР службата на клубот.

 

Треба да знаете
Последни објави