Продолжен престој за згрижување на учениците од четврто одделение

Учениците кои од оваа учебна година ќе бидат четврто одделение, ќе добијат продолжен престој до 17:00 часот. Како резултат на направената анализа и спроведените консултации со родителите, Општина Карпош дојде до заклучок дека родителите чии ученици сега ќе бидат четврто одделение, имаат реална потреба да бидат згрижени во училиштето, односно да бидат дел од продолжен престој. Општина Карпош на денешната седница на Совет, по предлог на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, одлучи дека ќе го зголеми бројот на наставници во продолжен престој во четврто одделение, во сите десет основни училишта.

Преку Општината ќе бидат ангажирани вкупно 17 наставници, за реализација на продолжениот престој. Продолжениот престој се организира по завршување на редовната настава, до 17:00 часот

За време на продолжениот престој, учениците учат, работат домашни задачи, учествуваат во културно – уметнички активности, согласно со Упатството за настава во продолжен престој на ученици, кој го утврдува министерот, на предлог на Бирото за развој на образование.

Треба да знаете
Последни објави