Некои терминали на аеродромот во Минхен беа затворени утрово бидејќи едно лице влегло во област забранета за патниците преку вратите за итни случаи.
Аеродромот објави на „Твитер“ дека Терминалот 2 и делови од Терминалот 1 се затворени заради спроведување полициска акција, пренесува АП.
Во објавувањето се вели дека, според досегашните информации, едно лице веројатно влегло во областа забранета за патниците на терминалот 1 преку вратата за итни случаи и затоа е преземена полициска акција.
Аеродромот во Минхен е еден од најпрометните во Германија.