Search

„Газета Експрес”: Вјоса Османи кандидат на ДСК за премиер на Косово

Вјоса Османи ќе биде кандидат за премиер на новата косовска влада од редовите на највлијателниот опозициски Демократски сојуз на Косово, чиј лидер е Иса Мустафа, пишува приштинскиот весник „Газета Експрес”.

Вјоса е прва жена кандидат за премиер на Косово, а ДСК таква одлука донесе денеска.

Таа и на изборите во 2017 година беше меѓу кандидатите со најголем број гласови за премиер – 65.000.

ДСК водеше повеќенеделни разговори со Движењето Самоопределување за формирање предизборна коалиција, но проблем беше тоа што ДСК барал свој претставник за кандидат за премиер, а Самоопределување сакал тоа да биде нивниот лидер Албин Курти.

Треба да знаете
Последни објави