Search

Иранскиот шеф на дипломатијата пристигна во Биариц каде се одржува самитот на Г7

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата Мохамед Џавад Зариф пристигнал во Биариц каде се одржува самитот на Г7.

Спореед извори од француското претседателство, кое е домаќин на форумот, засега не е во план средба со американската делегација.

„Зариф ќе го пренесе одговорот на иранското раководство на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој има за цел да го спаси нуклеарниот договор во Иран за 2015 година”, изјави висок ирански претставник.

Иранската државна телевизија исто така објави дека портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Абас Мусави ја отфрлил можноста за каква било средба помеѓу Зариф и Трамп или лица од неговата делегација.

Треба да знаете
Последни објави