Search

Адвокатот Митревски: Документот е на Обвинителството, а Камчев има интерес тој да стаса во јавноста

Фотографијата од записникот за поднесената кривична пријава во која стои исказот на Орче Камчев кој пријави изнуда во одделението за организиран криминал е лично видување и не може да биде доказ доколку случајот стаса пред суд, коментираат адвокатите. Тоа се зборовите на Камчев, а обвиниитлството е должно да ги провери и поткрепи со докази, во спротивно тие немаат никакво значење. Според правникот и адвокат Јанаки Митровски само еден човек има интерес да се зборува за „Рекет“ каде што е сведок, а не „Империја“ каде што е осомничен објави Телма.

Факмислиот е фотографија со мобилен, прикачен на предметот. Во истрага и предистрага адвокатитте, подносителот на кривичата пријава и сведоците не можат да добијат примерок се до завршување на истрагата. Сомнежот е дека некој ја злоупотребил положбата го фотографил и оддал службена тајна, за што обивнителството за гонење организиран кримнал отпочна истрага, а одговорност бараат и адвокатите. Според нив овие докумените не се интерес на јавноста, а со нив се загрозува истрагата, но и безбедноста на споменуваните личности.

Обвинителстовто трага по „кртот“ кој сликал една страница од записникот од исказот на Камчев, кој пред Русковска на втори мај пријавил дека во два наврати сега осомничените и притворени Боки 13 и Зоки Милевски му понудиле бизнис партнерство. Ги одбил, а во третиот обид им исплатил еден милион во „луј витон“ чанта. Случајот доби назив „рекет“, а Камчев стана сведок кај Русковска.

За специјалната обивнителка Катица Јанева освен две ксуи потврди реченици во аудио снимка во италјснаки информативен портал, друг доказ не е најаван од обвинтиелството дека ја злоупотребила службената положба примила награда за да му го прекине притворот на КАмчев, и да му го врати пасошот за што доби 30 дена притвор и заработи истрага во „Рекет“. Од друга страна сведокот Камчев користи годишен одмор и одмара во Банско во соседна Бугарија, а истрагата за „Империја“ е прекината откако врховниот суд го сруши предметот, соопшти надлежната обвинителка Лиле Стефанова.

Целиот текст прочитајте го тука: https://telma.com.mk/advokatot-mitrevski-dokumentot-e-na-obvinitelstvoto-a-kamchev-ima-interes-toj-da-stasa-vo-javnosta/

 

Треба да знаете
Последни објави