Медведев преку Гофин до трофејот во Синсинати

Русинот Данил Медведев го освои трофејот на тенискиот турнир во Синсинати, откако ноќеска во финалето го совлада Белгиецот Давид Гофин.

Во меч што траеше еден час и 41 минута, Медведев го доби првиот сет со 7:6, додека во вториот славеше со 6:4.

По овој успех, Русинот за првпат се најде меѓу првите пет на АТП ранг листата. За него ова беше трето АТП финале по ред, во претходните две (Вашингтон и Монтреал) беше поразен.

Наградниот фонд на турнирот во Синсинати изнесуваше шест милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави