Search

Норвешка испитува радијација по смртоносната експлозија во Русија

Норвешка анализира откриени мали количини на честици од радиоактивен јод во воздухот на северот од земјата, неколку дена по смртоносната експлозија за време на тестирање на ракети во Русија.

Руската нуклеарна државна агенција „Росатом“ во саботата објави дека во експлозијата загинале пет лица и дека во несреќата биле вклучени изотопски извори на енергија, без да открие повеќе детали.

Норвешката агенција за радијација и нуклеарна безбедност (ДСА) објави дека открила честички на радиоактивен јод на мерната станица во Сванховд, долж границата со Русија.

Примероците биле собрани од 9 до 12 август годинава, а несреќата се случи на 8 август на северот од Русија.

„Засега не е можно да се утврди дали последното откривање на јод е поврзано со несреќата во регионот Архангелск минатата недела. ДСА продолжува да собира примероци и да прави анализи“, велат од норвешката агенција.

Ваквите мерења на зрачење не се невообичаени во Норвешка, нејзините мерни станици откриваат радиоактивен јод шест до осум пати годишно, а изворот на честиците во голема мера е непознат.

Треба да знаете
Последни објави