Search

Французин загина возејќи тротинет на автопат, се судрил со мотор

Триесетгодишен Французин загинал откако бил удрен од мотор додека се возел со својот електричен тротинет на автопат во близина на Париз.

Ова е трет смртен случај на возач на е-тротинет во парискиот регион за четири месеци и предизвика дополнителна загриженост за безбедноста на овој се попопуларен начин на транспорт. Возењето тротинет на патиштата е забрането во Франција.

Според првичните информции, судирот се случил околу полноќ, а несреќниот Французин се возел со скутерот по брзата лента и не носел кацига. Во судирот настрадал имоторџијата, кој има тешки повреди.

Треба да знаете
Последни објави