Search

Германија најави закон за забрана на пластичните кеси

Германија планира воведување на закон со кој ќе се забрани употребата на пластичните кеси, бидејќи доброволниот договор со трговците да се намали нивната употреба не дале доволно добри резултати, изјави денеска министерката за екологија, Свења Шулц.

„Моето министерство ќе донесе забрана за употреба на пластичните кеси“, изјави таа не наведувајќи ја временската рамка за тој план.

Европската Унија најави забрана на голем број пластични производи за еднократна употреба како што се сламките, виљушките и ножевите до 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави