Search

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека забележана е зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.

Како вонредна информација се наведува дека поради сообраќајна незгода, од 18:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај селото Облавце, се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави