Search

(Видео) Над 60 мртви при експлозија на цистерна во Танзанија

Најмалку 61 лице загинаа, а 65 се повредени во експлозија на цистерна со нафта во Танзанија.

Меѓу повредените, кои имаат сериозни изгореници, се и такви кои по несреќата се обиделе да извлечат гориво од цистерната, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

https://twitter.com/mike___duke/status/1160104307305455617

Експлозијата се случила кога цистерната се превртела во обид да избегне мопед на околу 200 километри западно од пристанишниот град Дар ес Салам.

Инцидентите во кои луѓе гинат во експлозии додека крадат гориво од оштетени цистерни се честа појава во Источна Африка.

Командантот на регионалната полиција соопшти дека досега на местото на трагедијата се пронајдени 61 тело.

Треба да знаете
Последни објави