Search

(Видео) Гром повреди фудбалери во Германија

Во германската покраина Баден – Виртенберг гром повреди 15 фудбалери.

Громот удрил додека фудбалерите тренирале во близина на спортскиот центар Розехфелд, изјавил портпаролот на полицијата, пренесуваат германските медиуми.

Фудбалерите на возраст од 19 до 48 години добиле полесни повреди, едно лице за кратко се онесвестило . Сите повредени биле пренесени во болница.

https://youtu.be/0GImrXFQ0RE

Силниот ветер однел и неколку кровови во Луксембург.

Треба да знаете
Последни објави