Search

(ФОТО)Тројца повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово

Три лица се тешко повредени во сообраќајката што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека возачот на автомобил „фолксваген“ е тешко повреден и е префлен на Клиниката во Тетово. Со полесни повреди се здобиле возачот на товарното возило „форд“ и совозачот во „фолксвагенот“ кои биле однесени на тетовската клиника.
Сообраќајната несреќа се случи околу 18.15. Застој на патот има поради тоа што товарното возило пренесувало поликолор и од несреќата е истурен на коловозот.
Застојот се случува во време кога граѓани од Тетово и Гостивар се враќаат од работа во Скопје.
ФОТО: 24Инфо
Треба да знаете
Последни објави