Search

Сите ќе напаѓаат, Шкендија ја брани титулата

Утре со одигрување на четири од петте средб во 1 коло почнува 28. издание на македонскиот фудбалски шампионат во кој нема изразити фаворити во трката за титула.

По епизодната улога на четирите македонски претставници на меѓународната клуспка фудбалска сцена, Шкендија најпрво во квалифиакциите за Лигата на шампионите, а потоа и на поправниот испите во второто по ранг натпреварување Лига Европа, каде во една рунда беа нокаутирани и Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи, вниманието се врти кон домашниот шампионат. Ден порано од неделниот прволигашки термина, утре (17.30 ч.), поради празникот Курбан Бајрам, ќе старува 28.издание на мак-сцената со одигрување на четири од петте натпревари во 1. коло: Ренова – Силекс, Струга Трим Лум – Работнички (се игра во Охрид) Шкупи – Борец и Академија Пандев – Шкендија. Вардар –Македонија ЃП ќе играат в недела. „Црвнео-црните“ кои сезонава највија враќање на Националната арена, популарниот „градски“ сепак ќе мора да причекат да бидат домаќини на совето до наредниот натпревар како домаќини, бидејќ поради атлетските активности во Скопје на Арената „Тодор Проевски“  принудно ќе бидат домаќини на теренот крај ФФМ. Лани целата сезона ја одиграа како домаќини во Маџари.

ОСМАНИ: ПРВИТЕ ПЕТ КОЛА ЌЕ ДАДАТ ОДГОВОР КОЈ КАКВИ АМБИЦИИ ИМА

Прволигашкиот шампионат со 10 екипи во елитното натпреварување во четирукружен систем, каде новаци се Струга и Борец треба да донесе неизвесна битка за секој бод, гол, пласман… Титулата ќе ја брани Шкендија. Тетовскиот прволигаш останува најсериозен кандидат во трката за нов торфеј.  По доминацијата во поседните два шампионати, овојпат ќе ги нападнат сите за да ги симнат од врвот. Како еден од најсериозните кандидати во кој би можел да и пружи отпор на Шкендија е најтрофејниот Вардар. Во последните девет сезони токму овие два клуба Вардар и Шкендија доминираат со освојувањето на титулите. Вардар осови пет, Шкендија три титули, а еднаш сметките им ги расипа Работнички, кој заедно со Шкупи и Академија Пандев се тимовите кои од сенка ќе чекаат киксови на изразитите фаворити.

-Шкендија има обврска да ја одбрани титулата. Ги респектираме сите ривали. Не би сакал да издвојувам поединечно клубови, но сметам дека во трката ќе се води меѓу 4-5. Кои ќе бидат тие одговор ќе треба да дадат воведните 5 кола, по кои ќе биде позната кој какви амбиции ќе има сезонава – вели Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Во новото издание од прволигашкиот карван треба да се очекува неизвесна борба како за врвот, така и за избегнување на последните позиции, каде како по обичај најтешко во оваа битка ќе им биде на новајлиите Струга и Борец.  На играчки план екипите ги освежија своите редови, но нема спектаклуларни имиња. Шкендија го загуби репрезентативец Висар Муслиу, а како најзвучно име го доби екс-вардааредот Бразилеот Филипе. Скопските „црвено-црни“ остааа без повеќемина искусни играчи-интернационалци, а ги освежија своите редови со млади и желни играчи за докажување од своите редови.

-Без разлика на се Вардар создава тим со кој ќе атакува на врвот. Треба трпение. На овие млади играчи им треба време да созреат. Верувам дека од коло в коло ќе бидеме се подобри – вели Александар Васоски, тренерот на Вардар.

МАК-ФУДБАЛОТ СЕ ВРАЌА НА ТВ, ПРВОЛИГАШИТ ОСЛОБОДЕНИ ОД КОТИЗАЦИЈА

По подолага пауза натпреварите од прволигашката македонска фудбалска сцена се враќаат и на тв- екраните. Секое коло МТВ и спортскиот канал Арена спорт ќе пренесуваат натпревари во живо по нивни избор. Со парите од продадените тв-права прволигашите се ослободуваат од уплата на задолжителната котизацијата која имаа обврска да ја плаќаат пред стартот на секоја сезона за непречено одвивање на натпреаврувањето. Парите се трошат за подмирување на  службените лица, плаќање на казните за картоните…

Кој клуб колку ќе биде застапен на тв-екраните ќе зависи и од тоа колку клубовите ги исполниле бараните  инфраструктурни предуслови за непречено извршување на професионалните обврски на луѓето задолжени за реализација на преносите.

ВАРДАР РЕКОРДЕР СО 10 ТИТУЛИ

Во изминативе 27 сезони откако Македонија организира самостојни првенства само осум екипи можат да се пофалат дека ја освоиле шампионската титула. Најтрофеен е скопски Вардар кој десетпати го кревал шампионскиот пехар. Потоа следуваат Работнички со 4, Шкендија,  Силекс и Слоха југомагнат со по 3, Победа 2,  Македонија ЃП и Ренова по 1 титула.

Треба да знаете
Последни објави