Србите повеќе им веруваат на институциите на својата држава отколку на Европската унија, покажа најновото истражување на „Евробарометар”.
Според податоците добиени од ова истражување, Србија е единствена земја во регионот во која владее доминантна недоверба кон ЕУ и единствена земја во која граѓаните повеќе и веруваат на својата влада отколку на европските институции. На српската Влада и веруваат 41 отсто од испитаниците, додека довербата во ЕУ изнесува само 33 проценти.
Истражувањето на Евробарометар е спроведено во јуни во Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија. Во регионот бројките покажуваат дека 57 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат на ЕУ наспроти 33 отсто – кои веруваат во националната влада, во Албанија 69 отсто имаат доверба во европските институции а само 40 проценти во националните, додека во Црна Гора тој сооднос изнесува 47 отсто наспроти 43 отсто.