Search

Дачиќ ги отфрли критиките на демократот Мајк Карпентер за српската дијаспора во САД

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ синоќа ги отфрли критиките на советникот на некогашниот американски потпретседател Џо Бајден, Мајк Карпентер, кој кажа дека српскиот министер планира да се меша во американската внатрешна политика.

-А кога Евреите гласаат за Трамп, тоа не е мешање, или кога Албанците гласаат за Клинтон. Не зборувам јас за Србија како држава, зборувам за американските државјани од српско потекло. Во САД работите така функционираат. Во Англиската изборна единица Албанците секогаш му носат победа, изјави Дачиќ за „Политика”.

Српската дијаспора во САД треба да се организира „така да никој не ја омаловажува како што тоа сега го прават демократите”, рече српскиот министер.

Карпентер, кој е кандидат на Демократската партија за претседателска номинација, претходно вчера оцени дека најавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека ќе ја организира српската дијаспора во САД на изборите да го поддржи Доналд Трамп е знак дека сака да се меша во внатрешните работи на САД.

„Српскиот министер за надворешни работи планира да се меша во американската внатрешна политика така што ќе ги собере српските Американци да го поддржат Трамп во 2020 година”, наведе Карпентер на својот Твитер профил и ја сподели изјавата на Дачиќ.

Карпентер, исто така, напиша дека мисли дека Дачиќ прави голема грешка, а кога станува збор за американската поддршка на европскиот пат на Србија, таа, според него, треба да остане резултат на договор меѓу двете најголеми партии во САД.

Треба да знаете
Последни објави