Search

Се преврте автомобил, загина жена

Автомобил BMW со словенечки регистарски таблички се превртел на автопатот Белград-Ниш во близината на Чуприја, по што животот го загубила една жена. Сообраќајната несреќа се случила рано изутринава кога автомобилот најпрво удрил во заштитната ограда од автопатот и се превртел на покривот. Во автомобилот имало четворица патници, а погинала една жена, додека две лица се повредени и се сместени во болница во Параќин.

Според првичните сознанија причина за несреќата е неприлагодената брзина и заморот кај возачот.

Треба да знаете
Последни објави