Search

РТС: На Косово не може да се влезе со српски пасош, само со лична карта

Дирекцијата на граничната служба на косовската полиција донела одлука за непризнавање на српските пасоши при влез на територијата на Косово, јави РТС повикувајќи се на извори во косовската полиција.

Според одлука на граничната полиција, забраната за влез не се однесува на лица кои поседуваат лична карта и извод за деца со фотографија. Одлуката на граничната полиција е донесена без знаење на косовскиот минстер за внатрешни работи и без вообичаена процедура за известување на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави