Search

Tрагедија: Велосипедист загина за време на трката околу Полска

Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт почина за време на третата етапа на Трката околу Полска, соопшти неговиот тим „Лото Судал“. На околу 50 километри пред финишот на 150-километарската етапа помеѓу Чорзов и Забрзе, 22-годишниот Ламбрехт излета надвор од патеката и удри во бетонски водоводни цевки.

Портпаролот на болницата во Рубник, потврди дека велосипедистот починал во операционата сала, откако не успеал да издржи при операција. Деталите за повредите на Ламбрехт не биле  пријавени.

Најголемата можна трагедија му се случи на нашиот Бјорг. Искрено сочувство упатуваме кон неговото семејство и пријателите, напишаа од тимот на „Лото Судал“.

Иако првично Ламберхт требал да биде префрлен со хеликоптер, сепак до најблиската болница пристигнал со возило на првата помош.

За Белгиецот ова е втора сезона како професионален велосипедист, а оваа трка требаше да биде како увертира за легендарната „Вуелта“, за која Ламбрехт имаше големи амбиции. Минатата година Белгиецот го направи своето деби во тринеделни турнеи во Шпанија, завршувајќи на четвртото место во една од најтешките планински фази.

Треба да знаете
Последни објави