Search

Мета и Баша изразија сочувство поради двата вооружени напада во САД

По двата последователни вооружени напада во САД, во кои има жртви, реагираа албанскиот претседателот Илир Мета и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.
Во објава на социјалните мрежи, Мета напиша дека Албанците се солидаризираат со американската нација.

– Многу тажен и потресен од загубата на невини животи во Ел Пасо и во Охајо. Моите молитви и мисли со семејствата на жртвите. Солидарност со големата американска нација, напиша Мета.

Лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша на Твитер напиша дека е шокиран и нападите и ги оцени како „кукавички напади врз невини”.

– Јас сум длабоко вознемирен од кукавичките напади и загубата на невини животи во Ел Пасо и во Охајо. Моите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и повредените. Албанците ширум светот се покрај нашите американски пријатели и се молиме за нивните семејствата и најблиските, напиша Баша на Твитер.

Првиот напад се случи во трговски центар во Ел Пасо, Тексас, каде загинаа 20 а повредени беа 26 лица, а вториот во Дејтон, Охајо, при што загинаа најмалку 10 лица. 

Треба да знаете
Последни објави