Search

Четворица мртви од земјотресот на островот Јава во Индонезија

Индонезиските власти денеска објавија дека во силниот земјотрес на островот Јава загинале четири лица, а повеќе од 200 куќи се оштетени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека вчерашниот земјотрес со јачина од 6,8 степени бил со епицентар на околу 150 километри југозападно од Јава.

Четири лица загинале за време на паничното бегство во покраината Бантет, а уште четворица се повредени.

Индонезија, која има 260 милиони жители, е подложна на земјотреси и вулкански ерупција, зашто се наоѓа долж пацифичкиот Огнен Прстен.

Треба да знаете
Последни објави