Search

Поради снимање филм, ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

МВР информира дека во времето од 5 до 14 часот на улицата Беласица и од 14 до 18 часот на улицата Самоилова (вијадуктот кај стоковната куќа „Мост“) во Скопје, во организација на Друштвото за филмска продукција „Фокус покус филмс“ од Скопје, ќе се снима филм поради што одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и тој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвиваат настаните.

Треба да знаете
Последни објави