Search

Меси и Суарез со сопругите и децата заедно на одмор на Ибица (фото)

Лионел Меси и Луис Суарез заедно со нивните сопруги и децата се дружеа на летување на Ибица. Славните фудбалери на Барселона уживаа заедно на плажа, се забавуваа во дискотека и кафулиња, а беа фотографирани и на луксузната јахта на Сеск Фабрегас и неговата сопруга Даниела.

 

32-годишниот Меси престојуваше на популарниот шпански остров заедно со сопругата Антонела и трите синчиња Тијаго, Матео и Чиро. Парот постојано споделуваше фотографии од слатките семејни моменти и од забавата со своите пријатели.

И 32-годишниот Суарез беше придружуван од сопругата Софија Балби, како и трите деца Делфина, Бенјамин и Лаутаро.

 

Треба да знаете
Последни објави