Кочан нема индикација за болничко лекување

Осудениот во случајот „Труст”, Сеад Кочан, нема индикација за болничко лекување, информира за МИА Министерството за здравство.

-На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување, велат од Министерството.

Доцна синоќа Кочан беше спроведен во затворот „Идризово” откако претходно, Судот му го отфрли како  недозволено барањето за одлагање на затворската казна.

Треба да знаете
Последни објави