Search

(Фото) Заврши слаломот меѓу шахти: Жителите на Кисела Вода возат по новиот булевар

Скопјани денеска празнично возат целосно асфалтираната коловозна лента од новопроектираниот булевар, продолжение на булеварот Србија кој се протега од крстосницата  кај Цементарницата до последната станица на автобусот со број 24.

Жителите на населбата се надеваат дека по празниците булеварот целосно ќе биде комплетиран. Со тоа ќе заврши и дисциплинскиот слалом меѓу шахтите кои беа опасност за автомобилите.

Изградбата на булеварот започна пред скоро четири години, но заглави поради проблеми со имотно-правни односи и е долг околу еден километар.

Треба да знаете
Последни објави