Трамп: Од 1 септември царини за кинески производи од 10 отсто

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе почнат со примена на нови царини од 10 отсто на производи од Кина од 1 септември, во вредност од околу 300 милијарди американски долари.

Сепак, како што наведе Трамп на својот профил на „Твитер“ преговорите што се одржуваат во моментот, ќе продолжат.

Американскиот претседател ја обвини Кина дека не презема чекори за прекин на продажба на фентанил во САД или набавка на земјоделски производи во големи количини, пренесе „АП“.

Претходно, САД веќе применија царини од 25 отсто на кинески стоки во вредност од 250 милијарди американски долари, на што Кина одговори со воведување тарифи за американски стоки вредни 110 милијарди американски долари.

Треба да знаете
Последни објави