Search

Силен земјотрес на Суматра, предупредување за цунами

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Суматра.

Индонезиската Агенција за геофизика издаде предупредување за појава на цунами.

Епицентарот, според Американскиот геолошки завод, бил на 227 километри од градот Телук Бетунг, а земјотресот бил на длабочина од 59 километри.

Треба да знаете
Последни објави