Search

Македонец загина од струен удар на Малта

Македонецот Мартин Калинчев(28) загинал вчера во несреќен случај додека работел во Малта.

Според информациите објавени во медиумите во Малта, младото момче загинало од струен удар.

Калинчев утрово околу 9.30 часот работел качен во дигалка, а кобниот момент се случил кога допрел електрични кабли.

Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.

Истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави