Search

(Видео) Шпанец фрли стар фрижидер од карпа – полицијата го натера да го извади од бездната и да плати казна

Шпанец кој фрли стар фрижидер од карпа, полицијата го натера да го извади од бездната, мораше да плати казна, а му се заканува со судење.

Се започнало кога Шпанецот и неговиот пријател одлучиле да се шегуваат со ,,рециклирањето”, па се паркирале со комбе до една карпа, го извадиле стариот фрижидер и го фрлиле во бездната.
На видеото коешто беше објавено на социјалните мрежи и авторот на видеото и Шпанецот кој го фрла фрижидерот можат да се слушнат како велат: „Рециклирање … ајде да го рециклираме!“, додека фрижидерот се тркала по карпестата падина.

https://www.facebook.com/AsociacionUnificadaGuardiasCiviles/videos/695745807564621/?t=0

Но оваа постапка може многу да ги чини. Полицијата во Шпанија преку снимката го идентификуваше мажот и откри каде тој работи. Откако му изречена казна и му е наложено да го извади фрижидерот од бездната кадешто го фрлил, тој сега се соочува со нова казна.

Судот сега ќе одлучува дали човекот ќе се соочи со парична или со потешка казна според казнениот законик за еколошки криминал.

https://www.facebook.com/AsociacionUnificadaGuardiasCiviles/videos/2226098491034753/?t=0

Треба да знаете
Последни објави