Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Охрид притиска на Мечкин Камен да има поддршка за Заев

Во Охрид деновиве се вршат огромни притисоци врз вработените во општината, јавните претпријатија и државните институции, велат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека на вработените, од партиските шефови од владејачката гарнитура, со наредба преку списоци им е наложено да се потпишат за присуство на Мечкин Камен.

„Доколку не присуствуваат, вработените треба да ја наведат причината зошто нема да одат во Крушево. Ова се прави со цел да се прикаже наводна поддршка на ненародната власт на Зоран Заев, за партиски цели се злоупотребуваат граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Во него, од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани на Охрид да не се плашат и да се охрабрат да ги пријавуваат сите притисоци кои, како што се наведува, ги вршат СДСМ, општината, директорите и градоначалникот Константин Георгиески.

Треба да знаете
Последни објави