Тројца повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

На 30.07.2019 во 15,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово се случила сообраќајна негзода помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од С.И.(56) од с.Копаница и автомобил „ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Тетово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „голфот“, Х.И.(24), А.И.(21) од Копаница и биле пренесени во Комплексот клиники  “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош. Друга сопатничка од истото возило, Ф.И.(56) од Копаница со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница “8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави