Тиго Фајнaнс со две нови филијали – во Скопје и Неготино

– Следејќи ја својата стратегија за проширување на својата продажна мрежа со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со нив, услугите на Тиго Фајнанс од сега се достапни и за жителите на скопската општина Кисела Вода и за Неготинчани.

Филијалата во Кисела Вода е лоцирана на ул. Доситеј Обрадовиќ 3, додека пак филијалата во Неготино се наоѓа Маршал Тито 146

Со отворањето на новите филијали во Кисела Вода и Неготино, жителите на овие општини добиваат нова физичка точка за непосреден контакт со услугите на Тиго согласно нивните потреби и навики, што ќе им овозможи полесно да го направат вистинскиот избор за задоволување на нивните финансиски потреби тогаш кога тоа ним им е најпотребно.

Продажната мрежа на Тиго Фајнанс сега брои вкупно 23 филијали, лоцирани во 17 градови ширум земјата, а проширувањето на продажната мрежа продолжува и во следниот период.

Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн на www.tigo.mk, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

Повеќе информации за Тиго се достапни на веб страницата www.tigo.mk

 

 

Треба да знаете
Последни објави