Тенк во Британија служи како лимузина и може да се изнајмува

Оние кои ќе го контактираат Британецот Ник Мидс лесно и брзо можат да ја изнајмат неговата необична лимузина, која всушност е огромен тенк.

Тенкот „Лимо“ е веројатно првиот и единствен продолжен тенк во светот кој може да се изнајми, а се наоѓа во Велика Британија. Со него менаџираат деловните партнери Ник Мидс и Тод Чемберлен.

Оние кои мислат дека изнајмување на „бентли“ или „ролс ројс“ за специјални прилики веќе не е хит, сега имаат необична алтернатива.

Тенковската приказна на Мидс започнува пред 30 години кога тој купил два. Во тоа време, целта му била еден да задржи, а другиот да го продаде, меѓутоа уште пред да му бидат доставени, компанија побарала изнајмување, а за услугата понудила повеќе од половина од парите кои тој ги имал вложено. Тоа било сигнал за Мидс дека има неповторлива бизнис шанса.

Продолжениот тенк е целосно легален за возење на патишта во Велика Британија, но мора да користи гасеници обложени со гумена заштита. Тежи 17,5 тони и има максимална брзина од 32 километри на час, пренесува агенцијата „Танјуг’.

Иако тенкот е голем и тежок, сепак е лесно да се управува со него бидејќи ротира во средината. Досега забележан е само еден инцидент, кога бил скршен ретровизор на едно комбе во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави