Нигерискиот кардинал побара од Европејците да не ги охрабруваат Африканците да мигрираат

Кардиналот Френсис Аринзе ги повика Европејците да престанат да ги охрабруваат Африканците да мигрираат во Европа, тврдејќи дека на им е подобро во нивните матични земји.

Во интервју за „Католик хералд“ минатата недела, 86-годишниот кардинал Аринзе вели дека кога државите ги губат своите млади луѓе поради миграција, тие ги губат луѓето што можат најдобро да ја изградат иднината на својата нација.

„Државите во Европа и Америка понекогаш можат да помогнат најдобро, не не со поттикнување на младите луѓе да доаѓаат во Европа и да ја гледаат како место каде парите растат на дрвјата, туку да им помагаат на земјите од кои доаѓаат тие мигранти. Најдобро е човек да остане во сопствената земја и да работи таму, ” рече тој.

Аринзе исто така вели дека лидерите на земјите со висока стапка на емиграција треба да ја преиспитаат свокјата совест за да утврдат зошто толку многу луѓе заминуваат.

Кардиналот, исто така, го разгледа проблемот со масовната миграција од гледна точка на нациите-домаќини, тврдејќи дека тие мора да бидат доволно внимателни за да ги прифатат само мигрантите што можат ефективно да се интегрираат.

„Секоја влада треба да види на колку луѓе може да им помогне. Не само да ги прими, туку и да им обезбеди сместување, работа, семејство, културна интеграција,“ вели тој.

Треба да знаете
Последни објави