Марго Роби божествена помеѓу Бред Пит и Леонардо Дикаприо на премиера во Лондон

Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ го раздрма Лондон. Холивудските ѕвезди од најновото филмско остварување на Квентин Тарантино загосподарија на свеченоста во британската метропола.

Марго Роби изгледаше беспрекорно во темнопортокалова креација од Оскар де ла Рента помеѓу нејзините славни колеги – Бред Пит и Леонардо Дикаприо.

 

Филмот го следи периодот кога се случуваат убиствата од страна на „семејството Менсон“. Леонардо влегува во улогата на неуспешен актер од вестерн ТВ-серија, кој заедно со својот дублер (Бред Пит) се обидува да се пробие во филмската индустрија. Марго Роби влегува во улога на актерката Шарон Тејт, која беше жртва на семејството Менсон.

Треба да знаете
Последни објави