Измените во законот за студентскиот имунитет во Грција ставен на јавна дискусија

Во просториите на високообразовните институции надлежните органи ги вршат сите нивни законски овластувања, вклучувајќи и интервенција поради извршување прекршоци, е дел од предлогот за измените во законот за академска слобода и студентски имунитет во Грција, кој од синоќа, заедно со измени во закони од други министерства се ставени на јавна дискусија што ќе трае до петок напладне, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот член од постоечкиот закон од 2017 кој сега ќе се промени, предвидува интервенција на Универзитетите во случај на кривични дела или по одлука на Ректоратот.

Во предлог законот, измените за академска слобода и студентски имунитет се следните:

1.Во високообразовните институции, се гарантира и заштитува академската слобода во истражувањето и наставата што е институционална гаранција за неограниченото и неприкосновено научно размислување, истражување и настава.

2. Академската слобода, како и слободното изразување и ширење идеи, се заштитуваат во сите области на високообразовните институции од било кој што би се обидел да ги укине или ограничи.

3. Во просториите на високообразовните институции надлежните органи ги вршат сите нивни законски овластувања, вклучувајќи и интервенција поради извршување прекршоци.

Во образложението доставено до грчкиот Парламент, објаснето е дека се злоупотребува концептот на академска слобода, особено преку неможноста или спречувањето на властите да интервенираат во просториите на Универзитетите „за случаи што немаат никаква врска со истражување, настава и слободно изразување и ширење на идеи”, а како примери се наведени психолошко или физичко насилство, малтретирање на студенти и професори, нанесување штети на просториите и објектите, подготовка на запаливи и експлозивни материјали, трговија со дрога, развој на нелегални активности.

Ректорите на Универзитети во Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА, позитивно ги коментираат измените во конкретниот закон.

-Нема никакво укинување на имунитетот. Суштината на одредбите е дека апсолутно се заштитува она што го нарекуваме „академски имунитет”, вели ректорот на солунскиот Универзитет „Аристотелис”, Никос Папајоану.

Позитивно ги оценува одредбите и ректорот на Универзитетот во Крит, Одисеас Зорас кој како пример го споменува инцидентот со нобеловецот Џејмс Ватсон кој на Универзитетот во грчкиот град Патра во 2011.

Треба да знаете
Последни објави