Зариф: Посетата на Помпео е лицемерен гест

Иран денеска ја одби понудата на американскиот државен секретар Мајк Помпео да го посети Техеран и да им се обрати на Иранците, оценувајќи ја како лицемерен гест.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека Помпео не треба да го посети Иран. Тој додаде дека американскиот државен секретар наместо да го посети Техеран треба да им одобри визи на иранските новинари за влез во САД за да го интервјуираат. Зариф го обвини Помпео дека ги одбил иранските барања.

Помпео во понеделникот изјави дека Зариф во САД може да зборува слободно, а него не му е дозволено истото да го направи во Техеран за да не изнесе лоши факти за режимот на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

– Ние не се плашиме Зариф да дојде во САД каде може слободно да зборува. Дали фактите за режимот на Хамнеи е толку лош да не ми дозволува истото да го направам во Техеран? Што ако неговиот народ ја слушне вистината, нефилтрирана, некорегирана, напиша Помпео на Твитер.

Односите помеѓу Вашингтон и Техеран се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма и ги обновија санкциите кон Техеран.

Треба да знаете
Последни објави